Едно лице е убиено попладнево во скопското село Рашче, информираат од МВР.
Во убиениот било пукано од џип во движење со бугарски регистерски таблички. Убиениот бил во автомобил „фолксваген“. Според информациите од полицијата убиениот бил маж околу 60 години.
Според албанските медиуми станува збор за шеесет и петгодишниот Ш.Џ кој бил застрелан на влезот на селото.
Според првичните информации тој бил вмешан во убиство кое се случило пред шест години, но засега нема никаква потврда.
Мештаните велат дека убијците биле во џип со бугарски таблички.
Тие тврдат дека го пресретнале нивниот соселанец во уличка каде со неколку истрели го ликвидирале а потоа побегнале кон излез на селото без да прецизираат дали продолжиле со бегството кон Кондово или кон Радуша,објави Телма.
Неофицијално , станувало збор за крвна одмазда.


