Емотивна средба: Чедар по две години се враќа кај сопствениците – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/19 3:36 PM

Емотивна средба: Чедар по две години се враќа кај сопствениците

Кучето кое е пронајдено и напуштено во Колорадии кај своите сопственици се враќа по цели две години откако е украдено на Флорида додека се уште било мало.

Доботворната организација „Wings od Rescue“, која превозува загрозени миленици, соопштила дека полицијата германскиот овчар наречен Чедар кој всушност е женка, пронајдена е прекриена со снег во ров во руралниот дел на Колорадо, изгладнета и со повреда на ногата.

Благодарејќи на микрочипот идентификвани се сопствениците на миленикот.

Кучето било украдено од дворот во мај 2017 година во северно Мајами. Среќата на сопствениците немала крај кога ги контактирале ветеринарите и им соопштиле убави вести.

„Веднаш заплакав“, изјавила сопственичката Тамара Петерсон.

„Не можев да верувам. Бев во шок. Поминаа скоро две години“. Чедар стигнала среќна во својот дом и добро се опоравува.