Тешко повредена штипјанка, откако во нејзината куќа се забил автомобил – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/19 3:20 PM

Тешко повредена штипјанка, откако во нејзината куќа се забил автомобил

Вчеравечер на улицата „Радански пат“ во Штип, непознато возило со непознати регистарски ознаки удрило во sид од куќа, сопственост на осумдесет и осумгодишната Н.А. Од ударот се срушиле поголем број на тули внатре во куќата и ја повредиле старицата, по што возачот го напуштил местото на настанот.

Н.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во  Клиничка болница Штип каде и’ била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.