Марс, се слушаме! Забележан прв марсотрес (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/19 3:16 PM

Марс, се слушаме! Забележан прв марсотрес (ВИДЕО)

Роботското летало на НАСА, „InSajt“, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс, забележало благ потрес на Црвената планета. AP наведува дека ова е прв марсотрес кој некогаш е забележан. Се наведува дека мониторот на „InSajt“ го снимил потресот и измерил слаб сигнал на 6 ти април, а нaучниците одлучиле оваа информација да и ја соопштат на јавноста.

Иако забележано е шушкање кое потсетува на ветер, научниците веруваат дека звукот доаѓа од внатрешноста на Марс.

Францускиот научник Филип Лоњон, кој бил задолжен за овој експеримент бидејќи европските вселенски агенции го опремувале ова летало, вели дека е возбудливо тоа што конечно имаат доказ дека оваа планета е сеизмички активна.

Се наведува дека научниците и понатаму ги анализираат податоците за ова, како и за уште три послаби сеизмички сигнали кои се забележани. Францускиот сеизмометар е поставен на површината на Марс минатиот декември, неколку недели по слетувањето на „InSajt“.