Фирмите од полошко се жалат на недостиг од соодветни кадри – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/19 2:52 PM

Фирмите од полошко се жалат на недостиг од соодветни кадри

Фирмите од полошко се жалат на недостиг на несоодветни кадри. За таа цел, денеска во Тетово се одржа тркалезна маса под наслов „ Невладините механизами за интеракција“.

Бизнисмените кои учествуваа на тркалезната маса велат дека најчесто кај нив доаѓаат кадри кои не ја знаат практичната работа. Сметаат дека  универизтетите и средните училишта не произведуваат кадар соодветен за пазарот на трудот.

Целта на тркалезната маса е да се идентификуваат проблемите и да се развијат механизми за меѓусекторска соработка.

Денешната активност се организираше во рамки на проектот „Моќта на младинскиот глас во полошкиот регион“.