Пакистан е подготвен до 2020 година да извезе повеќе од 500.000 работници во Романија, се заклучува од податокот на пакистанската Влада, а го пренесуваат романски медиуми.
Приказната почнала по изјавата на романскиот амбасадор во Пакистан дека Романија се соочува со голем дедостиг од работна сила и оти и’ се потребни околу еден милион работници. Додал и дека Роамнија е подготвена да прими Пакистанци во разни сектори – градежништво, здравство, ИТ, транспорт… Во моментот, на пример, и недостигале 40.000 возачи, кои е подготвена да ги „увезе“ од Пакистан.
Романија неодамна потпишала меморандум и со Виетнам со кој се регулира приливот на работници и од таа азиска земја.


