Лекарите во Србија со закон ќе може од пациентот да добиваат подароци до 462 евра! – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/19 9:53 AM

Лекарите во Србија со закон ќе може од пациентот да добиваат подароци до 462 евра!

Пијалак, кафе, бонбониера, но и часовник, уметничка слика, прасе, јагне или скапо парче облека – се двоумите што да му купите на лекарот во знак на благодарност. Сега ќе имате уште еден проблем – како сето тоа да го вклопите, а сумата да не биде повисока од 462 евра. И сето тоа според закон.

Иако ова на многумина им звучи како за рубрика верувале или не, вистина е дека Србија неодамна букално го озакони давањето подароци на лекарите, пишуваат српски медиуми. Се работи за Законот за здравствена заштита, усвоен во почетокот на овој месец, во кој стои дека поединечниот подарок не смее да ја надмине вредноста од 2.726, а вкупниот да не ја надмине сумата од 54.521 динар, колку што сега е просечната плата во Србија.

До детали не е назначено дали тоа се однесува за подарување пред или по преглед или интеревнција. Но, бидејќи самата одредба гласи „подарок од благодарност“, се претпоставува дека би требало да е за после лекувањето.

Овие нови одредби значително ја поделиле српската кавност, пишуваат медиумите. Едни сметаат дека тоа е легализирање на корупцијата, а други оти со ова таа се става во определени рамки.