Лацио преку Милан до финалето на Копа Италија – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/19 8:11 AM

Лацио преку Милан до финалето на Копа Италија

Лацио е првиот финалист во фудбалскиот Куп на Италија, откако синоќа на гостински терен во реваншот од полуфиналето го совлада Милан со 1:0.

Мечот од Серија А го доби Милан, а тогаш по последниот свиреж имаше и трето полувреме.
Во купот пак Лацио се радуваше. Со голот на Хоакин Кореа во второто полувреме победија со 1-0.
Лацио беше подобар противник, создаде поголем број на шанси и сосема заслужено се радува на триумфот.
Во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта, првиот меч заврши 3-3.