ИВЗ: Со фалсификувани потписи е сменет Сулејман Реџепи – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/19 4:57 PM

ИВЗ: Со фалсификувани потписи е сменет Сулејман Реџепи

По вчерашниот упад и обид да биде сменет поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, од Реисетот тврдат дека судската одлука е базирана на фалсификат печат и потпис. Членот на Реисетот,  Муарер Весели вели судот морало да го земе во превид. За него и а целиот ИВЗ одлуката е скандалозна. Весел ја нападна и Владата и Премиерот Заев, а упати и остри критики кон судството. Весели смета дека одлуката на судот во крајна мера скандалозна.

-Во оваа Влада може да има се’, но само судство не може да има. Покорумпирано судство од ова немало во историјата, од 1991 година па наваму. Го споменуваме Заев, го споменуваме и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а директорот на Комисијата за односи со верски заедници не го признаваме“, изјави Весели.

Весели изјави дека и потписот на Сулејман Реџепи е фалсификуван и судијката Сузана Дончевска требало тоа да го утврди.

-Ова е скандалозна одлука на Судот и судијката Сузана. Како може да носи одлука со фалсификувани потписи и печати. Потписот на Реисот е исто така фалсификуван. И како донела судијката одлука, без одобрение од ИВЗ за некоја оставка која ја немало. На оваа власт ѝ требаат вакви скандали за да ги покријат нивните скандали и незадоволството на граѓаните. Владата во име на една судијка изврши пуч во ИВЗ. Ова е пуч од Зоран Заев “, рече Весели.