Тимот од ЕСЗ „Тигри“ од Меѓународен натпревар на специјални единици – KASOTC, кој се одржуваше во периодот 14 до 20 април во Аман, Јордан, се врати со признание – најдобри во една од најсложените дисциплини TOP SHOT.
Дисциплината се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање).
МВР и министерот Оливер Спасовски денеска организираа прием за победниците, при што им беа упатени честитки за одличниот успех.



