МВР им оддаде признание на светските прваци од единицата „Тигри“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/19 3:49 PM

МВР им оддаде признание на светските прваци од единицата „Тигри“

Тимот од ЕСЗ „Тигри“ од Меѓународен натпревар на специјални единици  – KASOTC, кој се одржуваше во периодот   14 до 20 април во Аман, Јордан, се врати со признание – најдобри  во една од најсложените  дисциплини TOP SHOT.

Дисциплината се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање).

МВР и министерот Оливер Спасовски денеска организираа прием за победниците, при што им беа упатени честитки за одличниот успех.