Била или не закажана дебата на претседателските кандидати? – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/19 2:50 PM

Била или не закажана дебата на претседателските кандидати?

Кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на Твитер напиша дека нејзиниот противкандидат од СДСМ, Стево Пендаровски, ја откажал дебатата на ТВ Телма.

-Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на Телма. А можеше да научи нешто за ЕУ“, напиша Силјановска.

Но, ова, исто така на Твитер веднаш го негираше Пендаровски.

-Професорке, повторно се служите со невистини. Но, сега барам од @televizijatelma да ве демантира. Дебата не била закажана. Ваквите невистини нема да ве искупат за вашето реално бегање од најавената дебата на Жешко столче, одговори Пендаровски.

Уредникот во Телма, Боби Христов само кратко соопшти дека телевизијата ќе објасни вечерва.

Три телевизиски дебати меѓу Силјановска Давкова и Пендаровски беа најавени пред вториот круг на Претседателските избори 2019. Првата беше планирана за вечерва во Телма, во на МРТ со почеток од 20:15 часот о на 2 мај на Канал 5 во емисијата „Само вистина“ во 18:45 часот.