Возрасна штипјанка на сила се обидела да украде мобилен од 13 годишно дете – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/19 1:28 PM

Возрасна штипјанка на сила се обидела да украде мобилен од 13 годишно дете

Педесет и осумгодишна штипјанка физички нападнала 13 годишно дете и се обидела да му го одземе мобилниот телефон. Жената е приведена а ќе и биде поднесена и кривична пријава.
Според информациите од Полицискиот билтен, инцидентот се случи и бил пријавен во текот на вчерашниот ден од страна на мајката на детето, четириесет и осумгодишната Ј.Д.Л од Штип.Таа ја известила Полицијата дека вчера околу 13 часот на улицата,,Христијан Карпош“, нејзиниот 13 годишен син бил физички нападнат од педесет и осумгодишната Н.Д од Штип, која се обидела да му го одземе мобилниот телефон.
Н.Д била приведена во полициската станица Штип и против неа ќе биде поднесена кривична пријава.