Северна Македонија од 20 мај до 15 јули ќе биде полигон на најголемата меѓународна вежба на НАТО во таа земја. Авионите Б-1Б, кои пред точно 20 години ја бомбардираа СР Југославија, сега ќе исфрлаат бомби на полигонот Криволак, пишуваат денеска повеќе српски медиуми, повикувајќи се на „Спутник“.
„’Одлучен удар 2019′ е дел од големата вежба ‘Ангел чувар’ што ја организира и финансира Командата на американските сили во Европа, на која ќе учествуваат 27.000 војници. Сценариото за вежбата во Македонија предвидува учество на до 2.000 домашни и на исто толку американски војници и сојузници од Црна Гора, Албанија, Бугарија и од Литванија, а би требало да покаже како изгледа воспоставувањето мир. На Македонците ова им е многу важно, бидејќи од внатрешнополитички причини како порака кон регионот им треба некоја голема активност што ќе го етаблира нивното влегување во НАТО и цврстото сојузништво со САД“, го цитираат српските медиуми воениот аналитичар Александар Радиќ.


