Обвинителството за говор на омраза повторно ќе го повика Сулејман Реџепи на распит – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/19 12:08 PM

Обвинителството за говор на омраза повторно ќе го повика Сулејман Реџепи на распит

Силен израз на говор на омраза, како што не доликува на духовник, демонстрираше на синоќешната прес конференција поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи. Зборувајќи за судската одлука со која се прифаќа во регистерот како нов челник на ИВЗ да се запише Скендер Бузаку, Реџепи посака „судиката која ја донела одлуката да почине“, а оваа изјава беше дочекана со аплауз од членовите Реисот,  највисокото тело на ИВЗ.

-Оваа женска одлуката не ја донела сама.Слушнав дека имала проблеми со здравјето, сега моментално. Но, не ја жалам, таквите нека починат, што побргу“, рече поглаварот на ИВЗ за судијката Сузана Дончевска.

Јавното обвинителство најави дека повторно ќе го покани Реисот на распит. На првата покана не се одзва. Неодамна поглавар на ИВЗ македонскиот народ го нарече „див народ, кој нема идентитет и никогаш нема да го има“.

Во текот на прес конференцијата Сулејман Реџепи цело време се повикуваше на меѓународната заедница и угледот што го ужива во странство.

ДУИ, ВМРО ДПМНЕ, БЕСА и дуги асоцијации, ги осудија настаните со ИВЗ, ама ниту еден политичар или политички субјект, не се дрзна да каже нешто за изразениот говор на омраза јавно искажан од еден челник на верска заедница, кој по својата суштина треба да биде обратно од зборовите на духовникот.