Полицијата на Шри Ланка изврши контролирана експлозија – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/19 9:07 AM

Полицијата на Шри Ланка изврши контролирана експлозија

Фото: AP

Полицијата на Шри Ланка соопшти дека денеска извршила контролирана експлозија на сомнителен мопед, кој се наоѓал во близина на популарното кино Савој  во Колумбо. Мопедот не содржел експлозив, а полицијата извршила контролирана експлозија поради претпазливост по терористичките напади на Шри Ланка, при што загинаа 359 луѓе.

Претходно премиерот на Шри Ланка Ланке, Ранил Викремесинге изјави дека „има луѓе со експлозив, кои се’ уште се во бегство”. Но, тој не прецизираше колку лица се во бегство.

Додека пак, претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена изјави дека очекува смени на челниците на одбранбените сили на земјата, затоа што не успеале да ги спречат нападите на бомбашите самоубијци.