Пролетен џез концерт на Филип Стевановски бенд во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/19 8:28 AM

Пролетен џез концерт на Филип Стевановски бенд во Куманово

Кумановци вечерва ќе имаат можност да го проследат џез концертот на Филип Стевановски бенд, што го организираат Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт. Пролетниот џез концерт ќе почне во 20 часот во Занаетчискиот дом.

Љубителите на џез музиката ќе имаат можност да бидат и дел од снимањето на новиот џез албум на Стевановски, што ќе биде промовиран во јуни годинава.

„Имаме неколку поводи за одржување на концертот. Минатата година со јубилејниот концерт што го реализирав во Куманово влезе во Асоцијацијата на одржување на Интернационален џез што е од големо значење, зашто градот е влезен и како град на културата оваа година. Тука е снимањето на новиот албум што треба да излезе во јуни, ќе биде во принцип џез концерт со моја авторска музика и на бендот. Ќе има џез, повеќе стилови, како латино и слично, но сепак најмногу ќе има инструментална музика“, истакна Филип Стевановски.

Влезот за концертот е слободен.