Случајно или не, во предизборието судот донесе две одлуки, чие извршување доновиве донесе повеќе контраверзи. И на двете е потпишана судијката Сузана Дончевска од Основниот суд Скопје 2 – Скопје, целосно непознато име за јавноста. Оваа вечер, со решението со нејзин потпис, во седиштето на Исламската верска заедница со асистенција на полицијата влезе Скендер Бузаку, кој во 2015 година бил избран за претседател на Здружението на граѓани Исламска верска заедница. Минатата недела пак, се примени решението на истата судијка Дончевска, која со времена мерка и’ наложи на Државната изборна комисија да го објави ценовникот на 1ТВ на Бојан Јовановски – Боки 13, што е услов да инкасира приход од емитување на реклами од политичките субјекти, учесници во Претседателските избори 2019. Тоа што 1ТВ во законскиот рок како сите други медиуми не го доставила својот ценовник, за Дончевска не го зела во предвид, па дури ги прифати со решението аргуемнтите на телевизијата дека со неемитувањето на платен политички маркетинг, загубила 100.000 евра.




