Група луѓе предводени од Скендер Бузаку се обидуваат да влезат попладнево во седиштето на Исламската верска заедница, со образложение дека Основниот суд Скопје 2 донел одлука со која се разрешува поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. На негово место е избран Бузаку, како нов поглавар. Весникот Лајм објави копија од одлуката на Судот која ќе биде објавена утре во Службен весник. Одлуката вели дека е прифатено барањето Бузаку да биде назначен за нов член на Здружението на граѓани Исламската верска заедница со адреса “Чаирска 1000”. Побарана е асистенција на полицијата, а пристигнале и припадници на Финасиската полиција. Министерството за внатрешни работи го потврди случајот. Од ИВЗ, истовремено инсистирајќи дека судот нема право да го разреши шефот на Исламската верска заедница, но истата може да биде разрешен само со одлука на шефот на ИВЗ, кој го именува својот наследник, а потоа судот наоѓа разрешување и именување на новата глава. Полициските службеници во меѓувреме влегле во објектот,
Новинарите од теренот јавуваат дека во седиштето на ИВЗ е и Скендер Бузаку, како нов претседател на ИВЗ, потврден од Судот.


