Хендикеп за Сити пред пресметката со Јунајтед – повредата ја потврди и Пеп – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/19 3:39 PM

Хендикеп за Сити пред пресметката со Јунајтед – повредата ја потврди и Пеп

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, нема да биде дел од дербито за Манчестер утревечер.

Пеп Гвардиола денеска ја потврди информацијата дека репрезентативецот на Белгија ќе отсуствува од големото дерби, кое за нив може да значи и титула.

Кевин се повреди минатиот викенд на првенствен меч со Тотенхем на Етихад, каде неговите победија со 1:0.

„Проблемот кај Кевин е мускулот, ќе видиме како ќе се чувствува следните денови, но сигурно дека нема да може да настапи против Манчестер Јунајтед“, нагласи Пеп.

Сити до крајот на сезоната има уште 5 натпревари. По гостувањето кај Јунајтед, кое може да биде клучно за титулата, гостува кај Барнли, па е домаќинот на Лестер и 12. мај иг раат со Брајтон.