Осамнаа нови фотки од прошетките на Груевски по Будимпешта(фото) – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/19 3:10 PM

Осамнаа нови фотки од прошетките на Груевски по Будимпешта(фото)

Две нови фотографии од поранешниот премиер Никола Груевски, во бегство, се појавија денеска на Твитер. На едната од фотографиите Груевски е ,,фатен “како шетат низ улиците низ Будимпешта, а на другата како гледа реклами на една Агенција за недвижнини.

„Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се шеташе низ Будимпешта во понеделникот, на последниот ден од Велигден. Тој гледаше реклами во една агенција за недвижности“, пишува твитер-корисникот кој ги објави фотографиите.

Според неговиот опис, автор на фотографиите е Душица Томовиќ од „Балкан инсајт“.