Штипјанец киднапирал, силувал, нападнал полицаец и конечно приведен – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/19 2:51 PM

Штипјанец киднапирал, силувал, нападнал полицаец и конечно приведен

Единаесет дена, дваесет и шестгодишен штипјанец на сила држел дваесет и четиригодишна жена и нејзините две малолетни деца. Во тој период физички ја малтретирал и ја силувал. Според информациите од Полицијата, при обидот да биде приведен нападнал и полициски службеник.

СВР Штип до ОЈО поднесе кривична пријава против дваесет и шестгодишниот А.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела: „противправно лишување од слобода“, „силување“,„напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и ,,загрозување на сигурноста“.

Во временскот период од 11.04. до 22.04.2019 година пријавениот противправно ја држел оштетената Е.М. заедно со нејзините две малолетни деца во стан на ул„Борис Крајгер “ и во куќа на ул„Широк дол“ во Штип, каде во повеќе наврати физички ја нападнал, а извршил и обљуба над оштетената, се наведува во Полицискиот билтен.

На 22.04.2019 година околу 13.30 часот на ул.„Широк Дол“ во Штип, при обид за апсење на насилникот, истиот физички нападнал полициски службеник од Полициската станица Штип.

Во акцијата на апсењето на А.М. бил приведен и неговиот брат, дваесет и петгодишниот С.М кој исто така агресивно се однесувал кон полициските службеници и се обидел да ги нападне кривична пријава ќе биде поднесено и против него.