Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/19 2:05 PM

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов

По изјавата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов запрвиот изборен претседателските круг, кои во писмено соопштение велат дека Шилегов и на Стефан Богоев им требало година ипол за да излезат и да го работат она за што се платени.

„Шилегов и Богоев година ипол не направија ништо за Скопје и за Карпош. Шилегов и Богоев се најнеспособните градоначалници во историјата на Скопје и Карпош. Денес Шилегов и Богоев се пофалија дека почнале да чистат депонија, за која имале година ипол да ја исчистат. Шилегов и Богоев повторно ништо не работат, но поради поразот на претседателските избори и на нивниот кандидат Стево Пендаровски излегоа пред камери да даваат бледи изјави и да се преправаат дека нешто работат“, стои во писмената реакција.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ велат дека владејачката партија тоне во Скопје, а тоа се должи на тоа што скопјани не се нискоинтелегентни за да им поверуваат на лагите.

„СДСМ губи и ќе изгуби и во вториот круг. Затоа што Скопје и скопјани сакаат претседател на државата кој е за право и правдина. Скопје ќе ја избере Гордана Силјановска Давкова“, стои во реакцијата на ЦМРО ДПМНЕ.