Зајакнување на мобилните тимови кои ќе прават мапирање на најфрекфентните локации каде има деца кои питачат, а полнолетните членови ќе ги активираат како баратели на работи и ќе работат на нивно вклучување во мерките за доквалификација и прекфалификација, имаат за цел обуките што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје, Црвен крст и УНИЦЕФ.
На денешната обука учествуваа стручни лица, социјални работници, педагози и дефектолози, кои ќе работат со децата на улица за да им се обезбеди соодветна заштита. Работата на терен ќе се спроведува мултисекторски врз основа на стандардизирана вмрежена соработка на сите релевантни владини и невладини организации и институции.
-Оваа засилена активност за работа на стручни лица со децата на улица ја започнуваме бидејќи на секое дете му треба безгрижно детство, детство кое е целосно ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба. Со работа одблиску со децата на улица и нивните семејства ќе ги детектираме и решаваме проблемите со кои се соочуваат, изјави министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска по повод обуката на стручните лица коишто ќе го прават мапирањето.


