Прогласена епидемија на заразна жолтица во Посебното основно училиште Климент Охридски во Ново село каде се школуваат 50 тина деца со попречености а дел од нив се сместени и во училишен интернат.
Центарот за јавно здравје од Струмица издаде наредба училиштето во наредните 15 дена да биде затворено бидејки досега се регистрирани вкупно 11 пациенти кај кого е откирен вирусот хепетитис А.

Ваква одлука е донесена со цел да не се прошири болеста бидејки во ова установа има вкупно 80 лица вклучувајки го тука и целиот персонал кој се грижи за децата.
Состојбата ќе се следи во наредниот период и доколку не се појават нови случаи на заразна жолтица можно е училиштето да биде отворено после 6 мај, велат од Центарот за јавно здравје од Стурмица, бидејки инкубациониот период на овој виурс трае минимум 15 дена.
На инфективното одделение во моментов се хоспитализирани 4 деца чија здраствена состојба е добра.


