Му здодеал животот на плажа на Канарите, па се вратил затворот од кој избегал пред десет години – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/19 12:29 PM

Му здодеал животот на плажа на Канарите, па се вратил затворот од кој избегал пред десет години

Шеесет и четиригодишник во саботата вечерта, носејќи два куфера, влегол во полициската станица на железничката станица во Салзбург и објаснил дека тој е избеган робијаш кој штотуку доаѓа од минхенскиот аеродром. Рекол дека 10,5 години поминал во Тенерифе, на Канарските Острови, јавува АП.

„Шпанскиот остров не е убав каков што беше некогаш, а и доволно долго живеам таму“, им рекол на полицајците.

Полицијата утврдила дека навистина се работи за бегалец, па го однела во затворот во Салцбург, од каде што избегал пред една деценија.