Благодарение на Индира, матурски фустани добија 45 сиромашни ученички – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/19 11:57 AM

Благодарение на Индира, матурски фустани добија 45 сиромашни ученички

Кога се сака, се’ се може и покрај сите препреки, особено од тешката економска состојба во која се наоѓа земјата. Доказ за тоа е 19-годишната студентка од Нови Травник, Индира Коиќ, која за дваесетина дена успеа целосно да опреми дури 45 социјално загрозени матурантки од Нови Травник, Витез, Зеница и од Травник, пишува сараевски „Девни аваз“.

Откако слушнала од пријателки дека многу матурантнки од семејства со ниски примања нема да може да одат на матурска вечер, Индира стапила во акција.

– Не сум богата за да можм финансиски да помогнам, но се јавував на блогери, во бутици и на луѓе што ги познавам за да се обидеме да помогнеме. Одѕивот беше фантастичен. За три седмици успеавме да опремиме дури 45 матурантки, кои, инаку, немаше да присуствуваат на матурска – вели Индира Коиќ.