Вчера попладне низ Сплит се проширила вест дека е видена поголема група мигранти, а „случајот“ оти низ градот шетаат мигранти бил пријавен и во полиција.
– По пријавата, излеговме на терен и утврдивме дека се работи за странски државјани што легално престојуваат во Хрватска како туристи. Никакви причини за паника нема – изјавиле од сплитската полиција за „Далмација данас“.
Неофицијано се дознава дека се работи за група туристи, главно на возраст од 20 до 30 години, од Азија, кои престојувале во сплитски хотел.


