Српски медиуми: Албански сепаратисти ќе упаднат на северот на Косово до 5 јуни – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/19 9:55 AM

Српски медиуми: Албански сепаратисти ќе упаднат на северот на Косово до 5 јуни

Лидерите на Косово, Рамуш Харадинај и Кадри Весели, во најголема тајност подготвуваат окупација на четири српски општини на северот на Косово, им било, како што пишуваат, потврдено на белградски медиуми од повеќе дипломатси извори.

Нападот на северот, како што пренесуваат медиумите, би требало да почне најдоцна на 5 јуни, а крајниот рок за завршување на операцијата бил 12 јуни, кога во Приштина треба да дојдат Хилари Клинтон и Медлин Олбрајт. Во операцијата требало да бидат ангажирани и Албанците што во изминатите месеци се вратиле од Сирија, каде што војувале на страната на ИСИС.