Кумановец заработи кривична пријава поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
СВР Куманово вчера поднесе кривична пријава против четириесет и тригодишниот И.Ј. од село Пелинце, Општина Старо Нагоричане поради сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” член 394-г ст.1 од КЗ на РСМ.
Како што соопшти МВР, делото го сторил во неделата преку социјалната мрежа Фејсбук.


