На Основачкиот конгрес што се одржал од 20 до 23 април 1919 година во Белград, претставници на социјалдемократски партии од штотуку формираното Кралство на СХС ја формирале Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти), подоцна Комунистичка партија, односно Сојуз на комунистите на Југославија. Под нејзино раководство главно се одвиваше народноослободителната и антифашитичка војна од 1941 до 1945 година, а потоа беше формирана и СФРЈ, на која уште многумина со носталгија се сеќаваат, но и која во крв се распадна пред речиси три децении.
Јубилејот на КПЈ во Белград го одбележале само членови на Новата комунистичка партија на Југославија, кои се собрале на плоштадот „Славија“, во чија близина пред сто години се одржал Конгресот, а најавиле дека нивна долгорочна цел е повторно формирање на Југославија.


