Дац му подари метла на Заев: Има и лопатче, ќе собере доста ѓубре – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/19 8:22 AM

Дац му подари метла на Заев: Има и лопатче, ќе собере доста ѓубре

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ му подари метла на премиерот Зоран Заев, за, како што рече, чистката која треба да ја направи.

– Затоа што јас сум првиот кој си поднесе оставка од морални причини, имам и морална одговорност да ја предадам оваа метла за чистката што треба да се направи.

Ова ништо не е договорено, од Рептил е, има и лопатче каде може да се собере доста ѓубре. Јас отсекогаш сум го сакал СДСМ и сум гласал за оваа партија, сум се гордеел со оваа партија. Сигурен сум дека мојот иден претседател е Стево Пендаровски, рече Дац.