Пораката е примена. Секако дека ќе има чистки. Секако дека ќе расчистиме со некои луѓе. Видовме дека некаде имаме решенија со луѓе кои немаат доволно капацитет да му служи на нанародот, им вети вечерва на граѓаните од општина Карпош премиерот Зоран Заев.
„Има незадоволство и од централната и од локалната власт. Граѓаните ни ја испратија пораката. Граѓаните тоа јасно и гласно ни го кажаа. После изборите ќе се случат промени. За да дојдат други, кои поучени од нивните претходници, нема да ги прават истите грешки“, рече Заев.


