Заев доби метла – ќе има чистка, најави – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/19 9:18 PM

Заев доби метла – ќе има чистка, најави

Првото јавно соочување на СДСМ со граѓаните по вчерашниот прв круг на Претседателските избори донесе доза самокритика и признание за слабите и бавно испорачаните резултати од досегашното владеење. Пораката е сфатена дека има незадоволство и од локалната и од централната власт, а ветените промени се испорачуваат бавно.

-Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата заради некои наши слабости. Слабости има, но работиме и ќе работиме да ги исправиме. Разбрав, многу наши поддржувачи ми испратија порака „Еј ало, менувај нешто, не ја бива вака“!Секако дека ќе има чистки. Секако дека ќе расчистиме со некои луѓе. Видовме дека некаде имаме решенија со луѓе кои немаат доволно капацитет да му служи на нанародот, најави премиерот Зоран Заев од митингот од Општина Карпош премиерот Зоран Заев.

Веднаш по говорот на Заев, актерот Драган Спасов – Дац, кој кратко време беше директор на МНТ од редовите на социјалдемократите, му подари метла на Заев.
-Затоа што јас сум првиот кој си поднесе оставка од морални причини, имам и морална одговорност да ја предадам оваа метла за чистката што треба да се направи. Ова ништо не е договорено, од Рептил е, има и лопатче каде може да се собере доста ѓубре, рече Дац.
Пред граѓаните на Карпош зборуваше и министерката за одбрана Радмила Шекринска, а присуствуваа и повеќе актуелни министри.