Времето на Герет Бејл во Реал Мадрид е минато и најверојатно тој ќе го напушти тимот на крајот од сезоната.
Но, проблем за Реал е тоа што нема понуди на адреса на клубот и никој не сака да плати над 100 милиони евра колку што бара шпанскиот гигант. Излезот од ваквата ситуација е праќање на позајмица во некој европски клуб со можност за откуп на договорот за една или две сезони.
Иако по неговото доаѓање Реал освои четити титули во Лигата на шампионите, Бејл никогаш не стана миленик на навивачите на овој клуб. Дури ни лани кога даде два гола во финалето против Ливерпул во Киев, ситуацијата не се смени во негова корист.


