Со доаѓањето на Френки де Јонг, конкуренцијата во средниот ред на Барселона уште повеќе ќе се зголеми и Ернесто Валверде мора да се каже од некој од фудбалерите.
Се поставува прашањето кој ќе биде тоа со оглед на тоа што секој од фудбалерите е важен за тимот на свој начин. Изборот се сведува на само еден играч – Иван Ракитиќ.
Артур дојде минатото лето и одлично се снајде, за важноста на Бускетс не треба да се зборува, а Видал наскоро ќе добие нов договор. Останува да се види дали Ракитиќ навистина ќе замине или Де Јонг само ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот.


