Основниот суд Скопје 2 делумно го прифати тужбеното барање на братот на премиерот, Вице Заев, против потпретседателот на СДСМ, Александар Николовски, кој во телефонска изјава за телевизијата 1ТВ рекол дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата и дека власта дели тендери на луѓе блиски до владините функционери.
,, Ќе се жалам на Апелација и моја цел е оваа тужбено барање да биде целосно одбиено а не само делумно, како што кажа судот.Задоволен сум во делот каде што тужбеното барање е одбиено во однос на материјалната надокнада и во однос на делот кој што се однесува на ,,главен бизнис фактор“ во државата.Во однос на ,,наместени тендери“, јас јасно кажав дека тој дел од изјавата се однесува на неработењето на Владата, но очигледно , поради притисокот врз судството , она што требаше да биде 100% одбивање на тужбеното барање, судот го избалансира за колку толку да може Вице Заев да го здржи образот, но нема зошто во Апелација ќе го изгуби и овој дел“изјави Николовски.
Судот денеска донесе пресуда да го прифати тужбеното барање во само дел од изјавата на Николовски. Освен тоа судот го одби барањето на Вице Заев за надомест на штета од 30.000 денари или 500 евра.


