Србија и’ испрати финансиска помош од еден милион евра на Франција за Нотр Дам – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/19 12:30 PM

Србија и’ испрати финансиска помош од еден милион евра на Франција за Нотр Дам

Владата на Србија денес и’ испрати финансиска помош на Франција во износ од еден милион евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз, која е тешко оштетена во катастрофалниот пожар на 15 април, јавува „Танјуг“.

„Со оваа одлука се потврдува вековното пријателство со францускиот народ и се изразува желба симболот на француската и на светската цивилизација што побрзо да се отвори“, е соопштено по седницата на Владата.