Во велигденскиот масакр во Шри Ланка загинаа и три деца на најбогатиот Данец во светот – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/19 10:13 AM

Во велигденскиот масакр во Шри Ланка загинаа и три деца на најбогатиот Данец во светот

Четириесет и шестгодишниот дански милијардер Андерс Хол Повлсен во терористичките бомбашки напади во Шри Ланка загубил три од своите четири деца. Неговата сопруга и децата биле во еден од нападнатите хотели, во кои, како и во некои цркви, вкупно загинаа околу 300, а се ранети околу 500.

Еден сведок на нападот на хотлот во кој биле жената и децата на Данецот за ББС изјавил дека видел жена од Данска што изгубила три деца во хотелот „Шангри-Ла“, која во трагедијата извикувала „Молете се за мене, молете се за мене“.

Според „Форбс“, Повлсен е најбогат Данец во светот, кој, според податоците за 2018 година, има капитал од 7,9 милијарди долари.