20 милиони долари за обезбедувањето на Закерберг – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/19 10:02 AM

20 милиони долари за обезбедувањето на Закерберг

Документите што компанијата ги поднесува пред Комисијата што ја регулира американската берза, покажува дека Фејсбук во 2018 прво му има исплатено 9,95 милиони долари на Закерберг за обезбедување поврзано со неговите патувања и место на живеење. По ова, тие имаат префрлено уште 10 милиони долари за покривање на „дополнителните трошоци“ поврзани со неговото лично обезбедување и обезбедувањето на неговото семејство.

Сумата е речиси 3 пати поголема од она што по иста основа му беше исплатено во 2017.

„Заради високата присутност на нашата компанија во јавноста, нашиот комитет за компензирање и управување одобри ’сеопфатна безбедносна програма“ за г-дин Закерберг која ќе ги покрие безбедносните прашања што произлегуваат од конкретни закани за неговата безбедност како резултат на неговата позиција како основач, ЦЕО, претседател, и главен акционер,“ наведува компанијата.