Актерот кој во серија глумеше украински претседател стана навистина претседател – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/19 6:29 AM

Актерот кој во серија глумеше украински претседател стана навистина претседател

Во Украина вчера се одржа вториот круг од претседателските избори, на кој, според првичните неофицијални резултати, победи кандидатот на опозицијата Володомир Зелински, инаку комичар, актер кој во серија има глумено украинси претседател.

Според неофицијалните резултати, тој освоил околу 72 отсто од гласовите, а актуелниот претседател Петро Порошенко околу 26. Излезноста во вториот круг била околу 62 отсто.