ДИК: Пендаровски 45,21 отсто, Силјановска 41,39 и Река 11,81 – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/19 8:41 PM

ДИК: Пендаровски 45,21 отсто, Силјановска 41,39 и Река 11,81

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 65,52 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 45,21 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,39, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,81 отсто.

Изразено во освоени гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 197.923 граѓани, за Силјановска 181.198, а за Река 51.701 граѓани

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.