Кирацовски: Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/19 8:31 PM

Кирацовски: Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера

Изборниот ден помина во исклучителна мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристално чист прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори, како што доликува на држава, идна членка на НАТО и ЕУ, оцени Александар Кирацовски, шеф на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Истакна дека очекува првичните резултати кои би можело да бидат познати после девет часот да покажат дека во првиот круг кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата е победник.

,,Им честитаме на граѓаните. Своето гласачко право граѓаните го искористија слободно, на достоинствен и демократски начин со што покажаа демократска зрелост и одговорност пред општеството и пред државата“, рече Кирацовски.

Нагласи дека позитивната, фер и демократска атомсфера која била одлика на кампањата продолжила и денеска на сите избирачки места во целата земја.

,,Република Северна Македонија спроведе мирни, фер, слободни и демократски избори. Институциите со сите свои капацитети овозможија изборите да поминат во најдобар тек што е многу важно за нас како држава која многу скоро ќе ги отпочне прегоорите со ЕУ“, рече Кирацовски.