Преброени над половина од гласовите: Пендаровски 42,71 отсто, Силјановска 41,08 и Река 12,05 – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/19 8:18 PM

Преброени над половина од гласовите: Пендаровски 42,71 отсто, Силјановска 41,08 и Река 12,05

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 53,76 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,71 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,08, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 12,05 отсто.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.