Прес ВМРО-ДПМНЕ:Оптимизам во штабот на Сиљановска-Давкова – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/19 8:15 PM

Прес ВМРО-ДПМНЕ:Оптимизам во штабот на Сиљановска-Давкова

Со скандирање ,,ВМРО-ДПМНЕ”, ,,Македонија” и ,,Правдата победува” членовите на ВМРО-ДПМНЕ го пречекаа генералниот секретар Игор Јанушев во прес центарот на штабот каде тој вечерва одржа прес конференција.

Тој рече дека од 43 обработени избирачки места, оваа партија води во Битола, Велес, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Штип, Аеродром и Гази Баба. ,,Гордана Сиљановска Давкова е изборот на народот.

Против народот не се може, правдата победува”, изјави Јанушев. По прес конференцијата, во партискиот штаб беше интонирана партиската химна. Инаку, со присуството на партиските членови, прес центарот стана претесен за новинарите, кои реагираа дека немаат услови за работа. Од партијата сепак не одговорија и не ги упатија членовите во друга просторија, иако прес центарот е просторија наменета за медиумските работници.