Демократски сојуз: Изборите поминаа во скандинавски стил – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/19 7:57 PM

Демократски сојуз: Изборите поминаа во скандинавски стил

Демократскиот сојуз оценува дека изборите во првиот изборен круг за Претседател на Република Северна Македонија, помина во мирна и демократска атмосфера, без инциденти или друг вид на нерегуларности.
Денес победија граѓаните и денес е ден на ДЕМОКРАТИЈАТА.
ДИК и другите изборни органи и тела, како и државните институции, посебно МВР, одговорија на поставените задачи и заслужуваат признание.
Обврска на сите партии и државни институции, невладините организации, медиумите и граѓаните, на ист начин да дејствуваат и во вториот изборен круг, но неопходно е масовно излегување и гласање се со цел да избереме Претседател со висок легитимитет,се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.