Полицаец загина, а неколку лица повредени во сообраќајка во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/19 12:41 PM

Полицаец загина, а неколку лица повредени во сообраќајка во Куманово

Едно лице го загуби животот, а четири лица се повредени по страотни сообраќајни несреќи кои рано утринава ги предизвика 40-годишен кумановец со иницијали С.Ј..

Како што информираат од СВР Куманово, С. Ј. Управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, најпрвин удрил во двајца полициски службеници на крстосницата во населбата Ајдучка Чешма и регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Од ударот на лице место починал 37-годишниот полицаец В.Ц. додека 25-годишниот А.М. кој бил кандидат за полициски службеник со тешки телесни повреди завршил на скоспките клиники.

Но, тука не застанал 40-годишникот. Откако со своето возило го напуштил местото на несреќата, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе во кумановската населба Карпош удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистарски ознаки, при што тешко го повредил возачот Н.П (34) и сопатникот 42-годишнata Д.Ј.која завршила на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со полесни телесни повреди се здобил 52-годишен А.Ј.. како и возачот кој ги предизвикал несреќите, кој моментално е во кумановската болница и против кого во текот на денот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.