Двајца загинати во авионска несреќа во Бугарија – крилото на авионот во текот на летот се одвоило – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/19 6:21 AM

Двајца загинати во авионска несреќа во Бугарија – крилото на авионот во текот на летот се одвоило

Двајца загинати е епилогот од вчерашната авионска несреќа во Бугарија. Пилотот и патникот во малиот приватен авион ги загубилле животите кога леталото се урнало кај Пловдив.

Шефот на полицијата во Пловдив, Атанас Илков, изјави дека авионот со две седишта „Зодијак“ бил на промотивна тура, кога нешто пред 11 часот едно од крилата на леталото се одвоило во текот на летот, поради што авионот се урнал недалеку од стадионот во селото Оризари, на кој токму во тие моменти се играл фудбалски натпрвар.

Ова е втора авионска несреќа овој месец во Бугарија, објавуваат бугарски медиуми.