Во Литванија се родило пијано бебе, со 4 промили алхохол во крвта – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/19 7:09 PM

Во Литванија се родило пијано бебе, со 4 промили алхохол во крвта

Во Универзитетска Болница во Клајпед во Литванија се родило девојче со 4 промили алкохол во крвта.

Мајката на девојчето 35 годишна жена за време на породување била во алкохолизирана состојба.

Спрема зборовите на лекарите, состојбата на мајката е стабилна, но неможат да дадат прогноза за детето, бидејќи на организмот на бебето ќе му биде потребно неколку недели да се прочисти од алкохол.

Како што навела докторката Наталија Григорјева, таа прв пат се сретнува со ваков случај во својата 40 годишна пракса.

– Убаво девојче, дваипол килограми тешко, изгледа нормално. Тешко е да се каже што ќе се случи.

Како за потсетување, дури и за возрасн 2,5 промили алкохол во крвта е сериозен проблем, додека 4 промили може да ја отежни работата на срцето.

 

преземено:vesnik.com