Бугарка за евра и злато ,,растурала“ црна магија – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/19 2:49 PM

Бугарка за евра и злато ,,растурала“ црна магија

Педесет и шест годишна бугарка измамила скопјанка, ветувајќи и’ растурање на црна магија. Успела од скопјанката да земе 700 евра и два златника. За среќа измамата била пријавена во полиција, полицијата ја фатила а парите и златото вратени.

Според информациите од Полицискиот  билтен, полициски службеници ја лишиле од слобода С.Н.Б.(56) од Република Бугарија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основано сомнение дека, доведувајќи ја во заблуда, на жена од Скопје и земала 700 евра и две златни лири.

С.Н.Б. случајно ја сретнала оштетената во центарот на Скопје и, според пријавеното, во разговор и кажала дека забележала дека има проблеми, дека и е направена црна магија и дека таа може да и помогне да ја истера магијата.

Тие имале средби во центарот на Скопје, при што во три наврати С.Н.Б. одзела вкупно 700 евра и две златни лири од оштетената. При лишувањето од слобода, кај С.Н.Б. биле пронајдени златните пари и девизите и и’ биле вратени на оштетената. За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против С.Н.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.